Њукасл водеше на Енфилд, а потоа пресврт на Ливерпул зачинет со проектилот на Арнолд

Во 17. коло од Премиершип, Ливерпул го пречека Њукасл.
Конечниот резултат на семафорот гласеше 3:1 за црвените.
Гостите подобро го отворија дуелот и изненадувачки поведоа во седмата минута. Тиаго лошо реагираше во одбраната, а Шелви со одличен удар погоди за 0:1.
После тоа следеа опасни напади на црвените кои за четири минути ги свртеа работите во своја полза.
Најпрво Јота погоди за 1:1 по една интересна ситуација. Фудбалерот на Њукасл лежеше повреден, но судијата Дин не го прекина натпреварот, Јота го искористи тоа и погоди за 1:1.
Се играше во 25. минута кога домашната екипа изведе одлична акција, Дубравка го одбрани обидот на Мане, но Салах натрча на одбиената топка и погоди за 2:1.
Ливерпул имаше уште неколку убави шанси во вториот дел, Њукасл најмногу се бранеше, а Арнолд со феноменалниот гол во 87. минута ги постави конечните 3:1.



