Обамејанг долго ќе се сеќава на октомври 2018 година

Иако официјалните податоци сé уште не се достапни, месецот октомври 2018 година веројатно е најдобриот месес во кариера, за Пјер-Емерик Обамејанг, ако се гледаат само постигнатите голови.
Популарниот Обамејанг и неговиот Арсенал одиграа фантастично во октомври, а серијата победи беше прекината пред два дена, кога играа далеку во нерешено против Кристал Палас.
За добрата игра на Топџиите во овој период, заслужни се неколку, а еден од нив е Габонецот.
Популарниот Обамејанг во десеттиот месец од годината, кога станува збор за Премиер лигата, постигна гол на секои 28 минути и 48 секунди, што е навистина неверојатен успех. Тој постигна пет гола во Премиер лигата овој месец.
Треба да се каже дека до крајот на месецот Арсенал ќе има уште еден натпревар, но во ЕФЛ Купот против Блекпул на домашен терен.



