Обамејанг не можеше да сонува за подобар пречек во соблекувалната на Барселона (ВИДЕО)

Пјер-Емерик Обамејанг денеска и официјално беше претставен како ново засилување на Барселона.
Барселона во последните минути од јануарскиот преоден рок успеа да го донесе Обамејанг од Арсенал и тој успешно беше пријавен за официјални натпревари.
Обамејанг даде се од себе за да дојде во Барселона бидејќи го раскина договорот со Арсенал за да не мора Каталонците да плаќаат обештетување, а освен тоа се согласи и на многу помала плата од онаа што ја имаше во Арсенал.
Габонецот вчера му се приклучи на својот нов тим и го одработи првиот тренинг, а претходно имаше одличен пречек во соблекувалната на Барселона.
Чави Ернандез пред тренингот му посака добредојде на Обамејанг во каталонскиот клуб, а потоа искусниот напаѓач доби аплаузи од новите соиграчи и поради тоа не можеше да сокрие насмевка од лицето.
𝗕𝗲𝘁𝘁𝗲𝗿 𝗖𝗮𝗹𝗹 𝗔𝘂𝗯𝗮 pic.twitter.com/CZnu0kD3ye
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 2, 2022



