SportM
Фудбал

Обамејанг објави видео од соблекувалната, а навивачите веднаш го видоа „натрапникот“ кој предизвика еуфорија

Д М14 јул 2022
Обамејанг објави видео од соблекувалната, а навивачите веднаш го видоа „натрапникот“ кој предизвика еуфорија

Шпанските медиуми објавија дека Барселона најверојатно денеска ќе потврди дека во овој клуб останува Усман Дембеле.

 

Дембеле е слободен играч две недели откако му истече договорот со Барселона и многумина очекуваа дека Французинот речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во друг тим.

Сепак, се се промени бидејќи Дембеле и неговиот агент Муса Сисоко не ги добија понудите што ги очекуваа, а на крајот францускиот интернационалец реши да остане во Барселона.

 

Дембеле ја прифати понудата на Барселона и многу помалата плата и потпиша договор со Каталонците до летото 2024 година, кој ќе биде официјализиран денеска.

Сепак, се чини дека Дембеле веќе се врати во соблекувалната, а тоа го потврди и видеото кое на Инстаграм го објави Пјер-Емерик Обамејанг. Напаѓачот на Барса објави видео во кое само го означи Мемфис Депај, но јасно е која била целта.

 

Многумина веднаш сфатија дека во соблекувалната е и Дембеле, кој тој ден го помина лекарскиот преглед и доби дозвола да се приклучи на тимот.

 

Дембеле веќе треба да се појави на тренингот на каталонскиот клуб оваа вечер откако е официјализиран неговиот престој во Барселона.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.