SportM
Фудбал

Обвинувања до Реал Мадрид во врска со информациите за договорот на Меси: Тие го прават ова секогаш кога ќе бидат во криза …

Д М1 фев 2021
Обвинувања до Реал Мадрид во врска со информациите за договорот на Меси: Тие го прават ова секогаш кога ќе бидат во криза …

Шпанскиот весник Ел Мундо објави копија од договорот што Лионел Меси го потпиша со Барселона во 2017 година.

Според потпишаниот договор, Аргентинецот инкасираше 555 милиони евра за четири години, а клубот и Меси веднаш реагираа и беа распишани тужби.

Поранешниот потпретседател на Барселона, Жорди Местре зборуваше за овој случај.

Тој смета дека медиумите блиски до Реал Мадрид и самиот мадридски гигант се одговорни за оваа информација.

Според него, кралевите го прават тоа намерно секогаш кога ќе бидат во криза.

“Секогаш кога Реал Мадрид е во лоша ситуација и во криза, овој вид на информации се појавува. Секогаш се случува така. Тоа е само случајност”, рече Местре.

По овие провокации, сигурно ќе известат од Реал Мадрид, па затоа треба да очекуваме нова вербална војна на шпанските великани.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.