Очајниот Јунајтед понуди 135 милиони за играч кој не вреди ништо, веднаш добија одговор

Уште една револуција на Олд Трафорд не донесе ништо добро.
Во воведните два меча од новата сезона, Манчестер Јунајтед забележа два порази. Особено болен беше вториот против Брентфорд со 4:0.
Во пресрет на новата сезона за тренер беше доведен Ерик Тен Хаг, но се чини дека овој одличен тренер само станува свесен од каде потекнува.
Преодниот рок се уште не е завршен, па Јунајтед верува дека може максимално да ја подобри ситуацијата со доведување на неколку играчи.
Сепак, без разлика на огромните пари и астрономските понуди, се чини дека самите играчи не се заинтересирани да преминат во редовите на овој паднат гигант.
Последното одбивање Манчестер Јунајтед го доби во средата кога претставници на овој клуб тропнаа на вратата на Атлетико Мадрид.
Имено, „Ѓаволите“ понудија неверојатни 135 милиони евра за Жоао Феликс, што не вреди ниту блиску до таа сума.
Феликс е рангиран како еден од најдобрите млади играчи во светот, но дефинитивно се уште не е на тоа ниво и некој што прави очигледна разлика на теренот да биде платен толку многу пари.
Атлетико без многу размислување ја одби оваа понуда и јасно му порача на англискиот клуб дека доколку го сака Португалецот треба да плати клаузула од 350 милиони евра.
Инаку, Јунајтед се обидува да донесе уште една ѕвезда од шпанската престолнина, одличниот дефанзивен играч за врска, Касемиро од Реал.
Некои информации велат дека Бразилецот не им ја затворил вратата на ѓаволите и дека трансферот би можел да се реализира побрзо отколку што се мисли. Ова не е изненадување со оглед на тоа што Англичаните на искусниот фудбалер му нудат 10 милиони евра годишно, двојно повеќе отколку што заработува во Реал.



