Од Јувентус се огласија за повредата на Роналдо: Како се чувствуваат навивачите сега?

Португалскиот фудбалер и првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо се повреди против Србија минатата ноќ, а денес од Јувентус се огласија за овој случај.
Од редовите на Старата дама, беше објавено дека повредата на Роналд не е толку страшна, и според сè, треба да биде подготвен за патување во Амстердам.
Јуве во главниот град на Холандија на 10 април против Ајакс игра на првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите, а навивачите беа вознемирени поради повредата на Роналдо верувајќи дека тој нема да биде подготвен за игра.
Треба да се напомене дека точното време на неговото отсуство ќе се знае кога ќе се врати во Торино и кога ќе почне да се опоравува. Сепак, се верува дека нема да отсуствува повеќе од 10 дена.
Инаку, Португалија во синоќешниот натпревар против Србија одигра 1:1 на домашен терен во натпревар од второто квалификациско коло ЕУРО 2020.
Il bollettino medico sulle condizioni di @Cristiano
➡️ https://t.co/fQ2WkfTXD2 pic.twitter.com/sCA6L8RpUN— JuventusFC (@juventusfc) March 26, 2019



