Од него најмногу се очекува: Сари најде нова позиција за Кристијано Роналдо

На почетокот на оваа недела, Јувентус потврди дека Маурицио Сари е новиот тренер на овој тим и дека е договорено на тригодишна соработка.
Сари помина само една сезона на клупата на Челзи и едноставно не можеше да го одбие повикот од Јувентус. Овој искусен експерт со „Старата дама“ потпишал соработка на три години и првенствено се очекува да ја освои Лигата на шампионите.
Италијанските медиуми веќе пишуваат дека Сари сигурно ќе направи неколку промени во играта на Јувентус, која со години беше иста со Антонио Конте, а потоа и Масимилиано Алегри.
Сари е познат по инсистирањето, неговите тимови да играат напаѓачки фудбал, што ние не го гледавме често тоа кога е Јувентус во прашање. Исто така, тој, наводно, веќе направил промена кога станува збор за неговиот најдобар играч, Кристијано Роналдо.
„Ла Газета дело Спорт“ утринава напиша дека Сари ќе му даде на Роналдо нова позиција во тимот. Роналдо треба да игра на самиот врв на нападот, бидејќи Сари верува дека тој е најопасниот тука, и тој не мора да ја троши својата енергија на крилна позиција.
Наводно, клубот дефинитивно ќе го напушти Марио Манџукиќ, а Гонзало Игуаин исто така треба да го напушти тимот, иако Сари нема ништо против, тоа аргентинскиот напаѓач да остане во Јувентус следната сезона.
Сепак, јасно е дека од Кристијано Роналдо се очекува најмногу, што е логично, со оглед на тоа што секој знае каков вид играч е тој.



