SportM
Фудбал

Од терен во затвор: Фудбалерот брутално го претепа судијата, полицијата веднаш го уапси (ВИДЕО)

Д М5 окт 2021
Од терен во затвор: Фудбалерот брутално го претепа судијата, полицијата веднаш го уапси (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Вилијам Рибеиро беше уапсен по бруталниот напад врз судијата.

Во дуелот помеѓу бразилските нисколигаши Сао Паоло РС и Гуараниа, Рибеиро ги загуби нервите на почетокот на второто полувреме и почна да го тепа судијата Родриго Кривелар.

Иако соиграчите и противниците брзо го разделија од судијата, тој успеа да му зададе неколку удари од кои ја загуби свеста.

https://youtu.be/etFoxEAx6QY

Судијата бил итно пренесен во болница каде што преноќил преку ноќ за да направи тестови бидејќи тоа било навистина брутален нокаут.

Рибеиро од теренот заврши во затвор. Тој беше уапсен на лице место.

https://twitter.com/realfutebolnews/status/1445216393767661568

Впрочем, овој фудбалер остана без договор, и тој многу лесно може да помине извесно време зад решетки.

Дуелот беше прекинат со резултат 1:0 за Гуарани, а преостанатиот половина час од играта ќе се одигра денеска.

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.