SportM
Фудбал

Од ѕвезда на хрватскиот фудбал, до лисици на рацете, уапсен поранешниот фудбалер на Интер и Милан

Редакција14 јул 2026
Од ѕвезда на хрватскиот фудбал, до лисици на рацете, уапсен поранешниот фудбалер на Интер и Милан

ФОТО/ПИКСЕЛ – ЖЕЉКО ЛУКИНИЌ

Поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец Дарио Шимиќ, кој утрово беше уапсен во Загреб во акција на УСКОК и полицијата, со лисици бил приведен на испитување во УСКОК.

Заедно со него се уапсени и поранешната жупаниска службеничка Неда Ливљаниќ и претприемачот од Водице, Марин Микшиќ, за кого се сомнева дека бил посредник.

Истражителите се сомневаат дека Шимиќ преку Ливљаниќ незаконски добил дозволи за камп во Тисно.

Шимиќ е поранешен фудбалер на италијанските гиганти Интер и Милан, а за хрватската репрезентација има одиграно над 100 натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.