SportM
Фудбал

Одборот на Барселона одлучи, задолжителна продажба од 70 милиони евра

SPORTM.mk2 окт 2026
Одборот на Барселона одлучи, задолжителна продажба од 70 милиони евра

Барселона продолжува да работи со јасна цел за подобрување на својата финансиска состојба. Поради тоа, каталонскиот клуб размислува да направи значајна продажба.

Де Телеграф открива дека одборот на Барселона одлучи да го стави на продажба Френки де Јонг. Играч со долга историја на повреди, кој веќе не се смета за незаменлив од тренерот на тимот, Ханси Флик.

Холанѓанецот долго време се споменува за можен трансфер. Последната понуда за него беше од Ливерпул, околу 40 милиони евра, што е многу под очекувањата на каталонскиот клуб. Иако се свесни дека актуелната состојба на играчот не ја фаворизира продажбата по толку висока цена, сепак каталонците се цврсто решени за цената од 70 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.