SportM
Фудбал

Одегард ќе има многу поголема плата во Арсенал отколку во Реал Мадрид

Д М28 јан 2021
Одегард ќе има многу поголема плата во Арсенал отколку во Реал Мадрид

Покрај тоа што се очекува да игра почесто и почесто, Мартин Одегард ќе ужива и многу поголема плата во Арсенал отколку во Реал Мадрид.

Арсенал во средата како позајмен напаѓач го зеде Одегард од Реал Мадрид до крајот на оваа сезона.

22-годишниот Норвежанец оваа сезона не успеа да заземе место во тимот на Зинедин Зидан, затоа беше позајмен во Северен Лондон, пренесува Газета Експрес.

Тој исто така беше баран од Реал Сосиедад, клубот каде ја помина минатата сезона на позајмица, и лидерот на Ередивизија Ајакс.

Норвешкиот репрезентативец ќе заработува 124 илјади евра неделно во следните шест месеци или вкупно над 2 милиони евра, многу повеќе отколку што заработуваше во Реал Мадрид, според Марка.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, лично разговараше со Одегард за да го убеди да се приклучи на Арсенал.

После неговиот трансфер, Артета рече: „Мартин е играч што сите го знаеме, се разбира. Иако е сè уште млад, тој веќе извесно време игра на највисоко ниво.“

Одегард би можел да дебитира за Арсенал во сабота против Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.