SportM
Фудбал

Одлична вест за Конте: Алексис подготвен за финалето во Лига Европа

Д М20 авг 2020
Одлична вест за Конте: Алексис подготвен за финалето во Лига Европа

Од Алексис Санчез беше замолено да игра во финалето во Лигата на Европа што Интер утре го игра против Севиља.

Сепак, како што пренесува Sky Sports Italia, тренерот на овој тим, Антонио Конте, доби одлична вест, а тоа е дека ќе го има на располагање и Алексис Санчез.

Тој беше под голем знак прашалник, но неочекувано се опорави брзо од повредата на колкот, па е достапен за утрешниот натпревар.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед го направи својот последен тренинг пред финалето со соиграчите денес, а тој немаше никаква болка за време на тренинзите.

Сепак, како претпазливост, тој ќе го започне натпреварот од клупата, а ќе добие шанса и во второто полувреме.

Од првата минута, нападот на Интер ќе го водат Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.