Connect with us

Фудбал

Одлични вести за навивачите на Баерн

Моментално еден од најдобрите светски фудбалери, полскиот напаѓач Роберт Левандовски, би можел да потпише нов договор со Баерн.

Иако во последно време многу се шпекулира за заминување на полскиот напаѓач од Баерн пред да му истече договорот кој е со важност до летото 2023 година, се чини дека работите на овој план би можеле да се променат.

Според германските медиуми, агентот на полскиот напаѓач Пини Захави и челниците на Баерн ќе се сретнат на почетокот на следната година за да се обидат да постигнат договор за потпишување нов договор.

Се наведува и дека двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката, па оваа опција се чини дека е најреална во моментов.

Да потсетиме, 33-годишниот напаѓач пружа спектакуларни игри и оваа сезона. На 17 одиграни натпревари за Баерн во сите натпреварувања, тој постигна 17 гола на кои додаде и две асистенции.

За крај да додадеме дека Левандовски во Баерн пристигна во 2014 година од Борусија Дортумд. Пред да дојде во Германија, тој играше за Лех, каде ја делеше соблекувалната со Семир Штилиќ.

Реклама

Facebook

Реклама