SportM
Фудбал

Одличниот дефанзивец потврди дека оди во Баерн: „Да, конечно можете да ми честитате“

Д М11 мај 2022
Одличниот дефанзивец потврди дека оди во Баерн: „Да, конечно можете да ми честитате“

Оваа информација денеска за германските медиуми ја потврди Хасан Салихамиџиќ:

“Мазрауи реши да дојде во нашиот клуб. Комплетниот трансфер е во завршна фаза и се изгледа многу добро. Го посакуваа и други европски великани”, изјави Хасан Салихамиџиќ.

Мароканскиот фудбалер вечерва потврди дека се е готово.

“Да, конечно можете да ми честитате. Се е готово. Чекав да ја објавам титулата. По Ајакс, Баерн е мојот тим од соништата”, изјави Мазрауи.

https://youtu.be/ExeJsYLBUi8

24-годишниот фудбалер целата своја кариера ја помина во Ајакс. Ги мина сите младински селекции на клубот, а од 2018 година е член на првиот тим.

За Ајакс одигра вкупно 137 натпревари и постигна 10 голови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.