SportM
Фудбал

Одличниот дефанзивец во солзи по потписот за Барселона: „Не можам да ги опишам чувствата“

Д М29 апр 2022
Одличниот дефанзивец во солзи по потписот за Барселона: „Не можам да ги опишам чувствата“

Одличниот дефанзивец Роналд Араухо (23) денеска потпиша нов договор со Барселона.

23-годишниот фудбалер потпиша соработка со каталонскиот гигант до 2026 година и со тоа стави крај на сите дилеми каде ќе игра Араухо во иднина.

Тој беше многу емотивен по потпишувањето на договорот. Среќата од потпишувањето на договорот беше неопислива.

“Среќен сум што играм за најдобриот тим во светот. Благодарен сум за можноста да бидам тука, како и семејството, пријателите, родителите. Тие поминаа низ многу поради мене”, рече Араухо, додавајќи дека нема сомнежи за продолжување на соработката.

„Никогаш не се сомневав дека ќе останам. Не е лесно да се игра за Барселона затоа што треба да се учи многу, а првиот натпревар ќе ми остане засекогаш во сеќавање. Нема да ми го расипе ни црвениот картон што го добив“.

“Поминавме низ многу тежок период. Бев среќен што ќе играм во првиот тим, што ќе добијам шанса. Убеден сум дека следната сезона ќе биде убава”.

Араухо потоа заплака.

„Сите напорно работевме за да стигнеме до Европа. Не можам да ви опишам колку бев среќен кога ми рекоа да одам во Барселона. И сега, се чувствувам важен. Немав никакви дилеми околу потписот. Јас сум емотивен бидејќи поминав низ многу „Благодарам на клубот за сета поддршка што ми ја даде“, рече Араухо.

Уругвајскиот дефанзивец е жител на Барселона од 2018 година. За првиот тим дебитираше една година подоцна, а одигра вкупно 78 натпревари и постигна шест гола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.