SportM
Фудбал

Одложени два натпревари, Реал и Атлетико нема да играат викендов во Ла Лига

Д М13 окт 2021
Одложени два натпревари, Реал и Атлетико нема да играат викендов во Ла Лига

Реал и Атлетико нема да играат во ЛаЛига викендов и ќе се одморат до средината на неделата, кога ќе ги развијат предизвиците во Лигата на шампионите.

Шпанската федерација одлучи да ги одложи натпреварите што требаше да се одиграат в недела од 18:30 часот, Гранада-Атлетико Мадрид и Реал Мадрид-Атлетик Билбао, но ќе се одиграат на друг термин.

Натпреварите се одложени поради дуелите што се играат во квалификациите за СП во Јужна Америка.

По осум кола оваа сезона, Реал и Атлетико имаат еднакви бодови, од 17 – Реал се на првото место поради разликата во постигнатите голови.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.