Connect with us

Фудбал

Одлуката на Куман за Кутињо ќе ја чини Барселона пет милиони евра

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман одлучи да го остави бразилскиот фудбалер Филип Кутињо во тимот за следната сезона.

Иако Барселона имаше намера да го продаде Бразилецот, бројката од 120 милиони евра е едноставно преголема за сите во овој момент, и бидејќи не сакаат да го испратат на нова позајмица, беше одлучено тој да остане во клубот.

Значи, Кутињо ќе биде дел од тимот за следната сезона, но тоа најверојатно ќе ја чини Барселона дополнителни пет милиони евра што ќе треба да ги уплатат на сметката на Ливерпул.

Причината се бонусите вклучени во трансферот на бразилскиот фудбалер, па Барса ќе мора да ја плати оваа сума доколку Кутињо оваа сезона одигра уште 15 натпревари за тимот од „Камп Ноу“.

Нема сомнение дека тоа ќе се случи. Сезоната ќе биде долга и просперитетна, Куман смета на Бразилецот, па Барселона во одреден момент ќе мора да ги плати своите обврски.

Кутињо одигра вкупно 76 натпревари за Барселона и постигна 21 гол.