SportM
Фудбал

Официјално: Бонучи продолжува со Јувентус до 2024 година

Д М19 ное 2019
Официјално: Бонучи продолжува со Јувентус до 2024 година

Јувентус објави дека Леонардо Бонучи има потпишано нов договор, кој ќе го задржи во клубот до 2024 година.

Во објавата на социјалната мрежа Твитер, италијанскиот шампион објави дека Бонучи го продолжи договорот со клубот до 2024 годиниа.

Бонучи му се придружи на Јуве од Милан во летото 2018 година, веднаш ја врати титулата и освои уште една шампионска титула.

Исто така, тој е унапреден, земајќи ја капитенската трака сè додека Џорџо Киелини не се опорави од сериозната повреда.

Според новиот договор, тој ќе биде играч на Јуве до 37-годишна возраст, и ќе заработи годишна плата од 6 милиони евра, благо зголемување од 5,5 милиони евра што ги имаше досега.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.