SportM
Фудбал

Официјално: Челзи донесе нов голман

Д М28 јул 2021
Официјално: Челзи донесе нов голман

Маркус Бетинели е нов член на тимот на Челзи.

Актуелниот европски шампион реши да го донесе во своите редови Бетинели, кој не сакаше да го продолжи договорот со Фулам, чиј член беше.

Тој минатата сезона застана на голот на Мидлсбруг како позајмен играч, а претходно го носеше дресот на клубот од Крејвен Котиџ шест години.

Англискиот голман пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ како резервен голман на недопирливиот Менди, кој минатата сезона се покажа како големо засилување.

Бетинели најчесто бранеше за Фулам во Чемпионшип, додека во сезоните кога лондонскиот клуб играше во Премиер лигата тој беше главно резерва.

Челзи ќе ја отвори новата сезона во Премиер лигата на 14 август со домашен натпревар против Кристал Палас.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.