Официјално: Реал Мадрид има нова „единица“!

Новата сезона во Шпанија започнува за 13 дена, а јасно е дека Реал Мадрид и Барселона од првиот ден ќе се борат за титулата.
Двата клуба имаат многу проблеми, секако со некои играчи, а денес новата вест ја сподели со неговите навивачи голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.
Имено, тој ја информираше јавноста на својот Твитер профил дека следната сезона ќе го носи дресот со број еден.
Ништо не би било невообичаено тука ако ова не беше дванаесетта сезона на Куртоа како професионален голман и ова ќе биде првпат како „единица“.
Тој имаше тежок период на прилагодување откако во Реал Мадрид дојде со многу грешки, но во последно време бранеше многу добро.
The countdown to LaLiga's kick-off has begun. 13 days left 🗓️! Honored to be wearing the #1. Read the full story on https://t.co/KO9KbT3CBN #HalaMadrid #LaLiga pic.twitter.com/pvojyHuzfZ
— Thibaut Courtois (@thibautcourtois) September 7, 2020



