Фудбал
Официјално – Враќање на Кркиќ на „Камп Ноу“
![](https://sportm.mk/wp-content/uploads/2023/09/krkits.webp)
Бојан Кркиќ и официјално ја презеде функцијата координатор на академијата на Барселона Ла Масија, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.
Во таа објава Барселона ги претстави сите најважни позиции во клубот, вклучително и некогашниот голем бисер на својата фудбалска школа.
Задачата на Кркиќ ќе биде да ја следи работата на помладите категории кај селекторот Хуан Алесанко. Тој ќе биде и член на спортската комисија составена од претседателот Жоан Лапорта, потпретседателот Рафаел Жусте, спортскиот директор Деко, Жоан Солер и Енрике Масип.
Бојан настапуваше за Браселона од 2007 до 2011 година и на 104 натпревари постигна 26 гола. Потоа започнаа бројни потези: Рома, Милан, Ајакс, Стоук, Мајнц, Алавес, Монтреал и Висел Кобе.
Со Барса освои две Лиги на шампиони, Суперкуп на Европа, Светско клупско првенство, три Премиерлиги, Куп на Кралот и Суперкуп на Шпанија.