Огромна инвестиција во Барселона за „справување“ со богатите

Екипата на Барселона има сериозни финансиски проблеми.
Долговите на каталонскиот гигант одамна надминаа милијарда евра, а раководството на многу начини се обидува да го намали долгот што е можно повеќе.
Досега добро. Играчите прифаќаат намалување на платите, се доведуваат фудбалери кои не чинат премногу пари, а Барса ќе има сериозен партнер за во иднина.
Големата инвестициска компанија Голдман Сакс одлучи да инвестира во Барселона и ќе стане партнер на каталонскиот клуб.
Еден од трите најголеми инвестициски фондови во светот реши со капитал да влезе во Барселона и поради парите кои ги вложуваат ќе и овозможат на Барселона многу полесно да дише во иднина.
View this post on Instagram
Каталонскиот весник Спорт тврди дека Голдман Сакс нема намера да ја преземе контролата врз клубот или евентуално да има права на името на стадионот.
За нив влегувањето во Барселона носи заработка и парите вложени во клубот ќе им бидат вратени повеќекратно преку инвестиции.
Парите од Голдман Сакс и овозможуваат на Барселона горе-долу да се опорави од финансиската криза, а се очекува во иднина да може да се справува со други богати Европејци во борбата за големи фудбалски имиња.



