Огромна цифра: Познато е колку Хрватите ќе соберат од својот настап на Европското првенство

Вчера репрезентацијата на Хрватска се прости од настапот на Европското првенство.
Ватрените беа поразени во одличен натпревар во осминафиналето по продолженијата од Шпанија со 5:3. Хрватите пружија голем отпор на „Црвената фурија“, но на крајот не можеа да победат.
Сигурно е дека навивачите во Хрватска очекуваа многу подобар пласман на Европското првенство, особено што пред три години успеаја да освојат сребрен медал на Светското првенство во Русија.
Сепак, Хрватска се прости од еврото во првото коло од нокаут фазата и јасно е дека генерацијата на овој тим ќе се смени.
Сепак, во ХНС, сигурно ги тријат рацете од задоволство затоа што ќе заработат цело богатство од учеството на Европското првенство.
Имено, ХНС ќе добие 13,5 милиони евра од УЕФА од пласманот на Европското првенство, што секако е одлична бројка. УЕФА знае како да ги награди тимовите за резултати на ЕУРО, а така е и овој пат.
Хрватите добија 9,25 милиони евра за учество на ЕУРО, додека за победата против Шкотска добија уште 1,5 милиони евра. Тие исто така собраа 750.000 евра по ремито против Чешка.
За пласман во осминафиналето, репрезентацијата на Хрватска доби нови два милиони евра. Да се пласираа во четвртфиналето, ќе заработеа уште 3,25 милиони евра, но за жал тоа не успеаја.
Селекциите кои се пласираат во полуфиналето на ова натпреварување ќе заработат по пет милиони евра. Поразените во финалниот натпревар ќе добијат седум, а победникот на Европското првенство десет милиони евра.
УЕФА го зголеми својот фонд затоа што победникот на крајот ќе инкасира максимум 34 милиони евра, додека кај претходното ЕУРО лимитот беше 27 милиони евра. УЕФА го зголеми наградниот фонд за дури 23% во споредба со последното Европско првенство, кое се играше пред пет години.



