SportM
Фудбал

Огромни проблеми за Реал пред патувањето во Москва

Д М30 сеп 2018
Огромни проблеми за Реал пред патувањето во Москва

Тренерот на Реал Мадрид, Јулен Лопетеги, објави список од 20 играчи кои ќе патуваат на натпреварот од 2. коло од Лигата на шампионите, против ЦСКА Москва.

Актуелниот шампион на Европа ќе биде многу слаб на стадионот Лужники. Веќе е познато дека Лопетеги на натпреварот против ЦСКА нема да смета на Марсело и Иско, ниту пак на капитенот Серхио Рамос и Герет Бејл.

Бејл го напушти вчерашното дерби против Атлетико на полувреме. Велшанецот има проблеми со препоните и нема да биде во авионот за Москва.

Исто така, Лопетеги одлучи да го одмори Серхио Рамос, но во Москва, Бразилец Винсиус конечно може да добие шанса да игра.

Натпреварот помеѓу ЦСКА Москва – Реал се игра во вторникот во 21:00, а Реал ќе смета на овие играчи:

Голмани: Навас, Касила, Куртоа.
Одбрана: Карвахал, Валејо, Варан, Начо, Одриозола, Регуилон.
Среден ред: Крос, Модриќ, Каземиро, Валверде, Љоренте, Асенсио, Кебалос.
Напад: Маријано, Бензема, Лукас Васкез, Винисиус.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.