Connect with us

Фудбал

Операција Опстанок: Шалке би можел да ангажира уште еден искусен фудбалер

Published

on

Првотимецот на Арсенал и грчки интернационалец Сократис се уште е на „чекање“.

Се пишуваше за неговото заминување од Арсенал, а угледниот Sky Sport известува дека конечната судбина на овој дефанзивец ќе биде позната во следните неколку дена.

Според медиумите, се споменува и заминување во Шалке, каде би го искористил своето искуство за да им помогне во борбата за опстанок. Шалке веќе ги врати во своите редови нашиот Сеад Колашинац и Клас Јан Хунтелар и сигурно е дека искуството на Сократис ќе биде од голема помош.

„Sky Sport“ исто така известува дека Сократис ќе спроведе уште една рунда разговори со управата на Арсенал околу можното продолжување на договорот за уште една и пол сезона. Договорот на Сократис со лондонскиот тим истекува во јуни 2021 година. Сегашната вредност на грчкиот дефанзивец според трансфер пазарот е четири милиони евра.

Advertisement

Facebook