Остана без омилен број: Познато е каков број ќе носи Адама во Барселона

Шпанскиот фудбалер Адама Траоре по речиси седум години се врати во Барселона.
Адама израсна во Ла Масија, а за првиот тим на Барселона дебитираше во 2014 година, но реши да го напушти клубот откако стана јасно дека нема да добива минутажа во првиот тим.
Потоа реши да замине во Астон Вила, а Адама играше во Англија за Мидлсброу и Вулверхемптон од кои пред неколку дена пристигна во Барселона на позајмица до крајот на сезоната.
Адама направи се за да се врати на Камп Ноу и е решен да покаже дека заслужува да го носи дресот на Барселона.
26-годишниот фудбалер денеска и официјално беше претставен како ново засилување на Барселона, а позираше со дресот на каталонскиот клуб.
Исто така, Адама го позајми бројот во Барселона, а ќе го носи бројот 11 на дресот во остатокот од сезоната. Инаку, тој го носеше дресот со број 37 во претходните сезони, но поради правилата во Ла Лига не може да го земе својот омилен број.
Правилата на Ла Лига предвидуваат дека првотимците во своите тимови можат да земат броеви од 1 до 25.
Our new number 1️⃣1️⃣ pic.twitter.com/ddjRqRbOOC
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 2, 2022



