Connect with us

Фудбал

Останатите можат да заборават: Влаховиќ избра три клуба за преговори

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ дефинитивно ќе ја напушти Фиорентина.

Неговиот договор со тимот од Фиренца истекува во летото 2023 година, но доколку сакаат да заработат на поранешниот напаѓач на Партизан, челниците на италијанскиот клуб ќе мора што поскоро да го продадат.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Влаховиќ уште еднаш ја одбил понудата на лондонски Арсенал, и дека избрал три клуба со кои ќе преговара и во еден од нив би сакал да ја продолжи кариерата.

Доколку остане во Италија, негов избор би бил Јувентус, а другите два тима се од шпанската Примера – Атлетико Мадрид и Барселона.

Фиорентина за него одреди цена од 70 милиони евра, а доколку сака да ја заработи таа сума ќе мора да го продаде јануари или евентуално на лето.

Да потсетиме, Влаховиќ во Фиорентина пристигна од Партизан во летото 2018 година за нешто помалку од два милиони евра, а тој трансфер очигледно беше полн погодок.

Во дресот на Фиорентина, Влаховиќ одигра 106 натпревари и постигна 47 натпревари со седум асистенции, од кои само оваа сезона на 22 натпревари постигна 18 гола и три асистенции.

Тој дебитираше за српската репрезентација во октомври 2020 година и постигна седум гола на 14 натпревари.

Реклама

Facebook

Реклама