SportM
Фудбал

Остварил сѐ, Луис де ла Фуенте го продолжува договорот со Шпанија до 2032 година

SPORTM.mk21 сеп 2026
Остварил сѐ, Луис де ла Фуенте го продолжува договорот со Шпанија до 2032 година

Управниот одбор на Шпанската фудбалска федерација, предводен од Рафаел Луцан, едногласно го одобри продолжувањето на договорот на селекторот на репрезентацијата, Луис де ла Фуенте, кој ќе остане на чело на Шпанија до 2032 година. Продолжувањето доаѓа по триумфот на Светското првенство 2026. Претходниот договор истекуваше во 2028 година, додека новиот договор го поврзува селекторот со федерацијата уште 4 години, вклучувајќи го и Светското првенство 2030.

„Бараме проект на стабилност и доверба, изјави Луцан. Станува збор за довербата во Луис де ла Фуенте и спортскиот проект што тој го предводи. Говориме за најуспешниот тренер во историјата на репрезентацијата и, по 14 години во федерацијата, тој заслужува долга иднина со нас“.

Де ла Фуенте ја презеде екипата во декември 2022 година, по Луис Енрике. Од тогаш освои „Нацијонална лига“ 2023, „Евро 2024“ и Светското првенство 2026. Шпанија, исто така, има регистрирано 38 натпревари по ред без пораз, што е рекорд.

„Се надевам дека повторно ќе го доживеам ова искуство по 4 години“, изјави Де ла Фуенте по триумфот на Светското првенство ова лето. Во меѓувреме, федерацијата го продолжи до јули 2029 и договорот на селекторот на футсал репрезентацијата, Хесус Веласко.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.