Connect with us

Други спортови

Освои бронзен медал на Олимписките игри, а потоа јавно призна дека ја изневерил двојката, се огласи и таа! (ВИДЕО)

Норвешкиот биатлонист Стурла Холм Легреид предизвика бура реакции на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, откако веднаш по освојувањето на бронзениот медал во поединечна конкуренција јавно призна дека ја изневерил својата девојка.

Сега, во разговор за норвешкиот весник VG, се огласи и неговата поранешна партнерка, која побара да остане анонимна, и кратко и јасно порача:

„Тешко е да се прости. Дури и по јавната изјава за љубов.“

Легреид по трката ја изненади спортската јавност со емотивен настап пред камерите.

„Постоји личност до која сакам да се обратам, иако можеби денес не гледа. Пред шест месеци ја запознав љубовта на мојот живот, најубавата и најчудесната личност на светот. Но пред три месеци направив најголема грешка – ја изневерив“, рече норвешкиот биатлонист, чијшто говор брзо беше пренесен од светските медиуми.

Тој додаде и дека, и покрај освоениот медал, во приватниот живот сè изгубил:

„Имав злато во животот. Луѓето сега веројатно ме гледаат поинаку, но јас имам очи само за неа.“