SportM
Фудбал

Освои Лига на шампиони во 2020 година, денес дебитираше со гол во Деветтата дивизија

SPORTM.mk18 авг 2026
Освои Лига на шампиони во 2020 година, денес дебитираше со гол во Деветтата дивизија

Никлас Зуле изненади многумина на крајот од минатата сезона кога објави повлекување од професионалниот фудбал, бидејќи беше уморен од постојаните повреди.

Сепак, неколку недели подоцна, 30-годишниот дефанзивец одлучи да се врати во фудбалот, но овој пат во аматерскиот фудбал.

Никлас Зуле сега игра од љубов кон фудбалот за СВ Тифенбах, екипа во деветтата дивизија на Германија. Тој го избра овој тим бидејќи го води неговиот пријател Џејсон Валцел.

Зуле дебитираше за СВ Тифенбах и дури постигна и гол, но не успеа да го избегне поразот на неговиот тим со резултат 2-7.

Зуле има 49 настапи за германската репрезентација и во 2020 година ја освои Лигата на шампиони со Бајерн Минхен.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.