SportM
Фудбал

Откриено е колку пари ќе заработува Ибрахимовиќ во Милан

Д М21 ное 2019
Откриено е колку пари ќе заработува Ибрахимовиќ во Милан

Златан Ибрахимовиќ ќе заработи 6 милиони евра за 18 месеци во Милан ако ја прифати понудата да се врати во стариот клуб во Серија А.

Сега останува на шведскиот напаѓач да одлучи, откако Милан му понуди договор во траење од шест месеци, со можност да го продолжи за уште една година, во вредност од шест милиони евра.

38-годишниот фудбалер ќе го напушти МЛС клубот ЛА Галакси во декември и враќањето во Милан изгледа многу веројатно.

Оваа недела ги започнаа разговорите и сега, наводно, зависи од Ибра да одлучи. „Gazetta dello Sport“ пренесува дека Милан му понудил на Швеѓанецот 6 милиони евра да остане 18 месеци.

Претходно беше објавено дека Ибрахимовиќ барал 1 милион евра месечно, но Милан е подготвен да му понуди само 1/3 од таа сума.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.