Поврзи се со нас

Фудбал

Откриено е зошто Гвардиола го напуштил Баерн

Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола потпиша нов договор со Манчестер Сити, со кој ќе работи до летото 2023 година.

Иако се шпекулираше дека Гвардиола може да го напушти Сити, тоа не се случи. Тој потпиша нов договор со „граѓаните“, а шпанскиот новинар и автор на биографијата на Гвардиола, Гил Балагу, откри зошто Пеп го напушти Баерн во 2016 година.

“Тој се чувствува добро во Сити, опкружен е со луѓе на кои им верува. Ги контролира спортските одлуки и е среќен што ништо не излегува од соблекувалната, а тоа се случи во Баерн и Барселона”, рече Балагу.

“После секој натпревар во Баерн, тој мораше да им објасни на газдите како игра тимот и зошто го стори тоа што го направи. Затоа беше познато неколку месеци пред истекот на договорот дека тој нема да остане во Баерн”, додаде шпанскиот новинар.

 

loading...

Facebook