SportM
Фудбал

„Отпишаниот“ му донесе трофеј на Баерн по одличниот натпревар и 120 минути борба во Будимпешта

Д М24 сеп 2020
„Отпишаниот“ му донесе трофеј на Баерн по одличниот натпревар и 120 минути борба во Будимпешта

Фудбалерите на Баерн ја започнаа сезоната освојувајќи нов трофеј – Суперкупот на Европа.

Победникот во Лигата на шампионите ја победи Севиља (победник во Лига Европа). Во Будимпешта во одличен натпревар со 2: 1 по продолженијата. Претходно 90 минути завршија со резултат 1: 1, но Баварците во продолжението постигнаа гол вреден нов трофеј.

Интересно, тој беше постигнат од искусниот Шпанец Хави Мартинез, кој наводно бил отпишан и се планира негово враќање во Атлетик Билбао. Тој го замени Лукас Ернандез во 99-та минута, а погоди за 2:1 во 140-та.

Што се однесува до самата игра, таа “пукаше” во сите правци, имаше шанси и пред двата гола, но Севиља можеше да победи во регуларните 90 ако не беше Нојер, кој го бранеше голот. Патем, Баерн на беа поништени два гола порано – едниот поради офсајд позиција на Левандовски, а другиот поради фаул во нападот.

Севиља прво поведе, со голот на Окампос од пенал во 13. минута, но Горецка ги постави конечните 1: 1 во 34.минута, но Баварците дојдоа до победа и славје во наредниот половина час.

Веќе на 30 септември, Баерн има можност за нов трофеј затоа што ќе го игра германскиот Суперкуп против Борусија Дортмунд.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.