Connect with us

Фудбал

Отпуштањето на Сари го чини Јувентус 8,5 милиони евра

Маурицио Сари наводно одбил да го раскине договорот, па се очекува Јувентус да му исплати 8,5 милиони евра до крајот на истиот.

Тренерот доби отказ и покрај тоа што ја освои титулата во Серија А и стигна до финалето на Купот на Италија, тој доби отказ откако загуби во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

Сепак, неговиот однос со тимот не беше на завидно ниво и „Кориере дела Сера“ пишува дека тој им рекол на директорите на клубот дека „неговиот тим не знае како да тренира“.

Во истиот извештај се наведува и дека Сари нема намера да го раскине договорот со заеднички договор.

loading...

Помина еден месец откако беше отпуштен и неговото место го зазеде тренерот Андреа Пирло, а неговата плата вреди шест милиони евра по сезона.

Постои клаузула што му овозможува на Јувентус да го раскине договорот една година порано за 2,5 милиони евра, но ова важи само во јуни 2021 година.

Доколку Сари земе една година пауза, тој ќе добие плата за една година во вредност од шест милиони евра, а следното лето Јуве ќе додаде на неговата сметка уште 2,5 милиони евра.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com