Ова е албанската спортска новинарка (ФОТО)

Албанската спортска новинарка и водителка Франческа Рустем го привлече вниманието на јавноста откако на фудбалскиот терен се појави во атрактивно издание. За време на известувањето од натпреварот од Лигата на нации меѓу Албанија и Сан Марино, 21-годишната новинарка блесна во краток црн фустан и високи потпетици. Особено внимание кај следбениците привлече фотографијата на која, со микрофон во раката, позира потпирајќи ја ногата на фудбалска топка.
View this post on Instagram
„Вашата омилена спортска девојка, секогаш на задача“, напиша Франческа во описот на фотографиите, кои набрзо станаа вирални. Оваа сестрана девојка, родена во Драч, моментално студира право, а покрај новинарството успешно се занимава и со моделинг. На јавноста ѝ е позната по ангажманите во спортски емисии, но и како носителка на титулата Мис Универзум Албанија за 2024 година.
View this post on Instagram
Нејзината популарност континуирано расте и на Инстаграм, каде што секојдневните моменти и модните комбинации ги споделува со повеќе од 650 илјади следбеници. Покрај професионалните успеси, медиумите често се интересираат и за нејзиниот љубовен живот, па неодамна се најде во центарот на гласините. Иако беше поврзувана со албанскиот пејач Бутринт Имери и со фудбалерот Милош Керкез, таа никогаш официјално не ги потврди овие наводи.

Поврзани вести

Винисиус, од естетските интервенции до заговорот со неговиот двојник. Приказната за лажната вест што стана „вирална“

Косата како „тајно оружје“, изнуди два црвени картони бидејќи го влечеа за долгата коса (ВИДЕО)

