SportM
Фудбал

Ова е комплетната листа на фудбалери кои недостасуваат поради повреди во Катар 2022 година

Д М20 ное 2022
Ова е комплетната листа на фудбалери кои недостасуваат поради повреди во Катар 2022 година

Светското првенство во Катар 2022 година изобилува со изненадувања и во добро и во лошо, но најжално е долгата листа на врвни фудбалери кои недостасуваат поради повреди, на кои неодамна се најде и добитникот на Златната топка, Карим Бензема.

Ова е комплетната листа на фудбалери кои поради повреди ќе го пропуштат најголемиот фудбалски турнир. Некои тешко дека ќе можат да играат на кое било Светско првенство.

Пол Погба (Франција)

Погба беше меѓу првите кои се запишаа на листата поради операција на менискусот во септември.

Нголо Канте (Франција)

Играчот од средниот ред го повреди бутот и чека да го оперира.

Тимо Вернер (Германија)

Напаѓачот на РБ Лајпциг го повреди зглобот за време на победата на неговиот тим во Лигата на шампионите против Шахтјор Доњецк и се очекува да ја пропушти цела 2022 година.

Рис Џејмс (Англија)

Тој во моментов се мачи со повреда на коленото од октомври и ја одби поканата за репрезентацијата на Англија.

Диого Јота (Португалија)

Напаѓачот ќе го пропушти турнирот поради повредата на бутот со која се здоби на натпреварот против Манчестер Сити.

Педро Нето (Португалија)

Нето ќе го оперира скочниот зглоб, а повредата ја заработи на натпреварот против Вест Хем во октомври.

Бубакар Камара (Франција)

Играчот од средниот ред ги повреди лигаментите на коленото во септември, што го спречи да се појави на Светското првенство.

Артур Мело (Бразил)

Играчот од средниот ред заработи повреда на мускулот против Ренџерс во октомври.

Скот Кенеди (Канада)

Канадскиот дефанзивец има комплицирана повреда на рамото која ја заработи на натпревар во германската втора лига.

Хесус „Текатито“ Корона (Мексико)

Мексиканскиот напаѓач заработи скршеница на левото колено и ќе биде опериран.

Џовани Ло Селсо (Аргентина)

Играчот од средниот ред има повреда на бутот што за жал го оддалечи од неговиот тим.

Марко Ројс (Германија)

Капитенот на Дортмунд има повреда на коленото и не успеа целосно да се опорави, поради што го пропушти Светското првенство исто како што тоа го направи во Бразил во 2014 година.

Бен Чилвел (Англи)

Тој се соочува со многу сериозна повреда на бутот поради која не настапи на Светското првенство.

Кимпембе (Франција)

Фудбалерот на ПСЖ има повреда на бутот што го спречи да биде повикан од Франција.

Јута Накајама (Јапонија)

Не може да игра поради повредата на Ахиловата пета.

Амин Харит (Мароко)

Мароканскиот напаѓач заработи повреда на коленото на натпреварот против АС Монако.

Садио Мане (Сенегал)

Садио Мане се уште е надвор од составот на Сенегал каде што се повреди на мечот со Баерн Минхен во Бундес лигата.

Кристофер Нкуку (Франција)

Напаѓачот сè уште е дел од репрезентацијата на Франција за Светското првенство, но заработи повреда на левиот зглоб на тренинг.

Хозе Гаја (Шпанија)

Шпанскиот фудбалер заработи повреда на коленото на тренинг.

Карим Бензема (Франција)

Најновото изненадување дојде за напаѓачот на Реал Мадрид и освојувач на Златната топка Карим Бензема кој се повреди на еден тренинг многу блиску до Светското првенство.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.