Фудбал
Ова ја чека Македонија во Кардиф во ноември: Куртоа бркаше стаорци по теренот (ВИДЕО)

Белгија славеше на гостувањето кај Велс со 4:2 и по ремито на Македонија против Казахстан (1:1) изби на лидерската позиција во групата Ј во квалификациите за пласман на СП. Но, еден детаљ од мечот стана хит на социјалните мрежи. Имено, огромен стаорец го прекина натпреварот, а голманот на Белгија, Тибо Куртоа е снимен како го брка стаорецот. Веројатно ваква ситуација ја очекува и Македонија во ноември кога гостуваме на Велс, бидејќи не е прв пат во Кардиф во ова време од годината да се појават голем број на стаорци.
Rat vs Courtouis, Rat wins 😂🐀 #wales #belgium #football #ratgate pic.twitter.com/coVfl2OpXP
— Beth Fisher (@BethFisherSport) October 13, 2025