SportM
Фудбал

Ова ќе биде вртоглавата плата на Конте во Тотенхем

Д М2 ное 2021
Ова ќе биде вртоглавата плата на Конте во Тотенхем

Антонио Конте ќе биде вториот најплатен тренер во светот откако во вторник беше именуван за тренер на Тотенхем на местото на отпуштениот Нуно Еспирито Санто.

Конте потпиша 18-месечен договор со Тотенхем, до јуни 2023 година, но со можност за продолжување.

Конте, кој утрово за прв пат се сретна со својот нов тим, се враќа во Премиер лигата три години откако ја постигна славата со Челзи, освојувајќи ја Премиер лигата и ФА Купот.

52-годишниот ќе заработува ни помалку ни повеќе туку 15,6 милиони евра годишно во Спарс и со тоа ќе стане вториот најплатен тренер во светот, по Пеп Гвардиола од Манчестер Сити.

Гвардиола во шампионот на Премиер лигата заработува 23 милиони евра.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е трет најплатен тренер во светот со 15 милиони евра годишно.

Следат Жозе Мурињо од Рома со 13 милиони евра годишно, Јирген Клоп од Ливерпул со 10,5 милиони евра годишно и Масимилијано Алегри од Јувентус со 9 милиони евра годишно.

Додека беше во Интер, Конте имаше помала плата, 12 милиони евра годишно.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.