Ова лето, бевме блиску до рекордот: Реал ја одби неверојатната понуда за Бејл

До крајот на минатата сезона се чинеше дека Герет Бејл е на излезна врата од Реал Мадрид. Сепак, Бејл блесна во финалето против Ливерпул во ЛШ и покажа на сите зошто дојде на Бернабеу.
Откако Кристијано Роналдо го напушти Реал, за Бејл се отвори многу повеќе простор во редовите на кралевите, а лидерите на актуелниот Европсли шампион сфатија дека мора да го задржат Велшанецот.
Тогаш се шпекулираше дека Реал е подготвен да го продаде Бејл и дека е најблиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.
Сега шпанскиот спортски новинар Едуардо Ида откри дека Манчестер Јунајтед ова лето, всушност испрати понуда за Бејл, но таа беше одбиена од Реал. И очигледно тоа беше понуда со кој Бејл повторно би станал најскапиот играч во светот.
Жозе Мурињо успеа да ги убеди лидерите на Јунајтед, да испратат понуда до Реал Мадрид за Бејл, вреди 250 милиони фунти, а според тој договор Велшанецот би заработувал 25 милиони фунти годишно.
Тоа би бил срушен трансфер рекордот која моментално го држи Нејмар кој за 222 милиони ја напушти Барса и се пресели во ПСЖ, а Бејл би станал еден од најплатените спортисти на денешницата. Сепак, Реал ја отфрли оваа понуда …



