Connect with us

Тајмаут

Ова се граничи со здравиот разум- Авион, 500.000 месечно, Ванда по разводот бара од Икарди неверојатни нешта!

Постојано беа во центарот на вниманието на медиумите, пред се поради нивните скандали. Мауро Икарди и Ванда Нара, конечно решија да стават крај на нивниот брак. На 11-ти март почнува судскиот процес за разводот, со цел да се постигне судска спогодба за алиментацијата и старателството врз ќерките, а ги имаат две. Како што објавија дел од италијанските медиуми Ванда Нара на име на алиментација бара 500.000 евра месечно од Икарди, но и приватен авион, како единствено превозно средство, бидејќи на тоа се навикнале нивните две ќерки, едната девет, а другата десет години.

Сепак, додека Ванда инсистира да остане во Аргентина, каде што изгради успешна телевизиска кариера и веќе потпиша нови проекти, Мауро покрена сериозна правна постапка за враќање на децата во Истанбул. Повикувајќи се на Хашката конвенција, фудбалерот тврди дека девојките биле чувани во Јужна Америка без негова согласност и дека сака да им обезбеди стабилен живот во Турција, каде што е професионално ангажиран до 2026 година.