SportM
Фудбал

Озил донесе уште една важна одлука во кариерата откако потпиша за Фенербахче

Д М27 јан 2021
Озил донесе уште една важна одлука во кариерата откако потпиша за Фенербахче

Месут Озил кариерата ќе ја продолжи во Фенербахче, а по тој повод се одржа прес-конференција на турскиот клуб, на која поранешниот играч на Арсенал стави печат на еден дел од кариерата.

Озил пред новинарите изјави дека нема намера да се врати во германската репрезентација, ниту во Бундеслигата. Го смени животот и сега оди само во тој правец.

“Одам по еден пат. Нема повеќе промени. Нема да се вратам во Бундеслигата, без оглед на какви било понуди, и затоа нема да играм за репрезентацијата на Германија. Едноставно има и други работи во животот на кои треба да се посветите. Германија ви посакувам успех во наредниот период “, рече Озил.

Оливер Биерхоф, директорот на „Елф“, неодамна изјави дека Озил може да се врати во германската репрезентација, но денешната изјава ги отфрли сите споменати стории.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.