SportM
Фудбал

Озил го раскина договорот со Фенербахче и половина час подоцна потпиша за нов клуб

Д М14 јул 2022
Озил го раскина договорот со Фенербахче и половина час подоцна потпиша за нов клуб

Искусниот Месут Озил има нов клуб во кариерата.

 

Озил вечерва го раскина договорот со Фенербахче, а само половина час подоцна потпиша договор со друг клуб од Истанбул.

Поранешниот играч на Арсенал кариерата ќе ја продолжи во дресот на Башакшехир.

Брзата одлука на Озил ги налути и навивачите на Фенербахче, со оглед на тоа што Озил брзо тргна да потпише со поранешниот шампион на Турција.

Се зборуваше дека поранешниот германски репрезентативец би можел да ја продолжи кариерата во англискиот Хал Сити, кој неодамна го презедоа турски сопственици, но тој реши да остане во Турција.

 

Во наредните денови треба да се знаат сите детали од соработката меѓу Озил.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.