„Озил останува во Арсенал, тоа е сигурно“
Д М29 фев 2020

Германскиот фудбалер Месут Озил нема да го напушти Арсенал на крајот на сезоната, изјави неговиот агент Еркут Согут.
Во последно време, медиумите на Островот пишуваат многу за Озил дека ќе го напушти Арсенал, а гласините ги поттикна неговиот соиграч Мохамед Елнени, кој рече дека тој често зборува за Фенербахче.
Меѓутоа, ако некој верува во тоа што го изјави неговиот агент, нема ништо од трансфер и заминување од Арсенал.
„Месут има уште 15-месечен договор. Тој нема да го напушти Арсенал пред тоа, тоа е сигурно. Тој ќе го заврши договорот до крајот и нема шанси тој да замине”, рече Согут.
Неделната заработка на Озил во Арсенал во моментов е 350.000 фунти.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



