Озил сака да остане во Арсенал

Германскиот репрезентативец со труско потекло, фудбалер од средниот ред, планира да остане во тимот од Лондон уште некое време. Тој се надева дека тренерот Унаи Емери, кој нема да му даде простор за играње, ќе биде разрешен што е можно поскоро.
Месут Озил нема намера да го напушти Арсенал.
Германскиот репрезентативец со турско потекло честопати завршуваше надвор од првиот тим под водство на тренерот Унаи Емери.
Сепак, тој смета дека има светла иднина во Лондон, најмногу од се по заминувањето на шпанскиот тренер.
Според британскиот весник „Дејли Стар“, Озил се надева дека ќе замине Емери што е можно поскоро, за да може новиот тренер да му даде повеќе простор за игра.
Во меѓувреме, странските медиуми пишуваат дека Арсенал би можел да го продаде Озил во јануари заради неговата висока плата и нискиот придонес.



