SportM
Фудбал

Падна договор: Де Јонг оди во Манчестер Јунајтед, Барселона ќе заработи огромни пари

Д М14 јул 2022
Падна договор: Де Јонг оди во Манчестер Јунајтед, Барселона ќе заработи огромни пари

Френки Де Јонг очигледно ќе ја напушти Барселона ова лето.

 

Со недели многу се шпекулира дека Барселона сака да го продаде холандскиот играч за врска за да заработи доволно пари за да го доведе Роберт Левандовски.

Иако Де Јонг ги започна подготовките со Барселона и јасно стави до знаење дека сака да остане во клубот, се чини дека на крајот ќе замине во Манчестер каде ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“.

 

Фабрицио Романо денеска објави дека Барселона и Манчестер Јунајтед постигнале договор околу трансферот на Де Јонг и дека каталонскиот клуб ќе заработи дури 85 милиони евра.

Манчестер Јунајтед веднаш ќе и плати на Барселона 75 милиони евра за Де Јонг, додека дополнителни десет милиони евра ќе бидат исплатени преку разни бонуси.

Меѓутоа, проблем е фактот што Де Јонг се уште не се договорил за условите на договорот со Манчестер Јунајтед и тоа ја кочи целата зделка. Холанѓанецот се обидува да остане во каталонскиот клуб, но јасно му е дека тоа е речиси невозможна мисија.

 

Се очекува Де Јонг на крајот да даде зелено светло за комплетирање на неговиот трансфер бидејќи е свесен дека клубот веќе го отпишал, и дека најдобро е сите да ги спакуваат куферите и да заминат во Манчестер Јунајтед.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.