SportM
Фудбал

Пандев: Шансите не се загубени, треба да се одмориме, следува тежок натпревар!

Д М13 јун 2021
Пандев: Шансите не се загубени, треба да се одмориме, следува тежок натпревар!

Македонија иако беше поразена од Австрија на првиот натпревар на ЕУРО со 3:1, македонскиот капитен верува дека шансите не се загубени.

„Па добро како за прв натпревар на европско првенство, за нас тоа е едно големо искуство, мислам дека одигравме одлично, очекувавме дека Австрија ќе притисне, физички се стварно, многу помоќни од нас, имаат добра клупа, знаевме ако издржиме првите 15 минути имавме некој контри што требаше подобро да ги искористиме, но таков е фудбалот, послем примивме нереќен втор гол и мислам дека овде натпреварот беше решен.

Шансите не се загубени треба добро да се одмориме, да се припремаме против Укарина не чека уште еден тежок натпревар, но ние треба овој натпревар да го одиграме отворено, да одиме на победа бидејки нема што да загубиме.

Најмногу ми е жал за навивачите кои дојдоа, им благодарам од се срце што дојдоа да не поддржат, ние го дадовме максимумот, знаеме дека Австрија е многу квалитетнарепрезентација, но се надеваме дека на следните натпревари ке одиграме уште подобро“, изјави Пандев

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.