Пандев за Ангеловски: Се јави замислениот Наполеон, ај со мене во пензија, доста ти е!
Редакција23 дек 2025

Горан Пандев реагираше на пишувањата на поранешниот селектор Игор Ангеловски, кој за изборот на Седлоски за селектор напиша: Ни риба, ни девојка, упатувајќи прозивки на адреса на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Пандев напиша:
-Се јави големиот селектор, големиот „патриот“. Не дочека ни 6 часа да почне да плука. Замислениот Наполеон. Експерот кој во последните години во ниеден клуб не се задржа повеќе од 2-3 месеца. Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија, доста ти беше, поминато времето на шуто и рогато во ФФМ, напиша Пандев на Инстаграм.

Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



