Пандев: За мене пласманот со Македонија на Европско првенство е многу повеќе од сите освоени титули

Македонската фудбалска репрезентација на 26 март треба да ја пречека репрезентацијата на Косово на арената „Тодор Проески“, но поради коронавирус, донесена е одлука натпреварот да се игра без публика.
Пандев побара одложување на мечот, а со тоа бара шанса за радување пред полн стадион.
„За мене пласманот со Македонија на Европско првенство е многу повеќе од сите освоени титули. Живееме за слика од нашиот стадион со трибини покриени од навивачи со црвено-жолта боја, кои ќе ни дадат сила и мотив да го надополниме тоа што фудбалски го пропуштивме во последните 20 години. Дајте ни шанса за вистински спектакл и дајте ни шанса со нашите навивачи да се радуваме на победата и да бидеме на чекор од Европско првенство. Здравјето е најважно и секогаш се молиме за тоа. Но, дајте ни можност да го оствариме и тоа за што сме сонувале како деца. За доброто на сите, одложете го натпреварот. И поради здравјето и затоа што е фер и спортски…“, напиша Пандев на инстаграм.
https://www.instagram.com/p/B9j-3uJIwJg/?utm_source=ig_embed



