Патрик Шик се враќа во Рома а потоа прави голем трансфер

Чешкиот напаѓач Патрик Шик моментално игра на позајмица во Лајпциг, но како што стојат работите, тој ќе се врати во Рома на крајот на сезоната.
Шик обезбедува многу добри игри во дресот на германскиот клуб, но поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус, Лајпциг во моментов не е во можност да го купи играчот од Рома.
Италијанските медиуми пренесуваат дека тој ќе се врати во Рома затоа што Лајпциг во моментов не е во можност да ги плати 29 милиони евра што ги изнесува откупната клаузула на Шик.
Во Рома се надеваа дека Шик ќе остане во Лајпциг затоа што не сметаа на неговите услуги, но беше јасно дека тој сега ќе мора да најде друго решение. Наводно, постои дури и шанса чешкиот напаѓач да заврши и во Тотенхем.
Наводно, лондонскиот клуб е подготвен да плати 29 милиони евра за Шик на неколку рати, додека Лајпциг побара цената да се намали за 50%. Рома реши да го одбијат предлогот на Лајпциг и како што стојат работите Шик ќе замине во Лондон кај Мурињо на крајот на сезоната.
Чехот досега има одиграно 19 натпревари во Лајпциг оваа сезона и има постигнато седум гола и забележа три асистенции.



